Дневен хороскоп за 9 октомври

Овен

Се соочувате со голем број проблеми на работното место. Имате куп обврски, а шефот и колегите намерно ви пречат во нивното решавање. И во полето на љубовта работите не се најсјајни. Заљубени сте, а не знаете како да ги покажете вашите искрени чувства. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со желудникот.

Бик

Бидете внимателни кога разговарате со соработниците и што сè ќе споделите со нив. Многумина ве гледаат како конкуренција и ќе направат сè за да ве дискриминираат. На љубовно поле работите се идеални. Оние кои се сами, ќе запознаат нова личност со која подоцна ќе бидат во долга и стабилна врска. Со здравјето сè е во ред, но препорачливо е да се занимавате со спорт.

Близнаци

Бидете подготвени за расправии со вашите соработници и претпоставени. За оние родени во знакот близнаци во наредниот период ги очекува многу турбуленции на полето на работа. Што се однесува до љубовта, работите се идеални. Партнерот ви е верен и двајцата сте среќни заедно. За оние кои се сами, ве очекува поволен период на ова поле. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

Рак

Потрудете се повеќе да се ангажирате на работното место и резултатите ќе бидат видливи за вашите претпоставени. На љубовно поле ве очекуваат мали турбуленции. Вашата врска со партнерот не е идеална и потребно е двајцата искрено да разговарате. Со здравјето сè е во ред, но би ви годела масажа и опуштање.

 

Лав

Соочени сте со голем број проблеми на работното место. Помошта што ќе ја добиете од вашите соработници ви е и повеќе од потребна. Односот со вашиот партнер е разнишан, но секогаш може да се најде решение. Потребен е само искрен пристап и сериозен разговор. Со здравјето сè е во ред. Обидете се повеќе да одморате.

Девица

Секогаш го давате максимумот на работа, но имате чувство дека не сте доволно награден за прикажаниот труд. Не можете да утврдите дали проблемот е во вашите колеги или претпоставени. Сепак желбата за успех нема да ја изгубите. Работите во љубовта не се идеални. Се чувствувате нелагодно во врската со вашиот партнер и не знаете како да ги промените работите. Внимавајте на здравјето. Обидете се да промените дел од лошите навики.

Вага

Имате еден куп обврски на работа, а критиките од шефот и претпоставените никако да престанат. Ќе запознаете личност која во блиска иднина ќе покаже интерес за вас. Ве очекува поволна фаза на полето на љубов. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со зглобовите.

 

Скорпија

Ве плаши финансиската состојба која постојано се менува. Ве очекуваат турбулентни моменти кога е во прашање работат. Морате да бидете подготвени за најлошото. Ќе запознаете личност која живее надвор од државата. И двајцата ќе бидете подготвени за врска на далечина. Внимавајте на здравјето и проблемите со коските.

Стрелец

Шефовите се задоволни од сработеното и во вас гледаат како на голем потенцијал. Наскоро очекувајте унапредување. Финансиите ви се стабилни и се чувствувате комфорно во овој момент. Работите ги држите под конец на полето на работа. Нарушени ви се односите со партнерот и вашиот брак влегува во помала криза. За да го спасите, потребно е да бидете подготвени за промени. Внимавајте на здравјето. Исцрпени сте и потребен ви е одмор.

Јарец

Веќе подолг период сте во недоумица да ја напуштите компанијата во која работите. Ве предомислува неодамнешниот успех кој дополнително ви ја има зацврстено финансиската состојба. Сè уште не можете да ја преболите личноста во која сте биле заљубени во минатото. Во вас сè уште има силни чувства. Со здравјето сè е во ред, но потребен ви е поголем сон.

Неодамнешниот успех на компанијата ќе ве предомисли во одлуката да го промените работното место.

Водолија

Ве очекуваат големи турбуленции на работа и не знаете дали сте подготвени за да го сочувате вашето место во компанијата. Ве очекуваат големи кавги со вашите колеги и претпоставени. Ниту во вашиот брак работите не се идеални. Чувствувате дека не можете да постигнете компромис со вашиот партнер и дека на бракот му се надзира крајот. Со здравјето сè е во ред, но обидете се во текот на денот да не се уморите премногу.

Риби

Вложениот труд во изминатиот период конечно ќе ви се исплати. Во текот на денот ве очекуваат многу пофалби од вашите претпоставени, а можно е и покачување на платата. Во вас постојат силни чувства кон личност која ја посакувате за себе веќе подолг период. Подготвени сте да чекате уште многу на нејзината одлука. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 9 октомври е превземен од Reporter.mk.