Министрите за трговија на Европската унија одлучија да го одложат укинувањето на поместувањето на стрелките на часовникот до 2021 година. Ова го изјавил хрватскиот министер за море, трговија и инфраструктура Олег Бутковиќ.
Бутковиќ изјавил дека министрите членки на ЕУ го поддржале предлогот на австрискиот претседател на ЕУ, да се одложи промената и до 2021 година да не биде донесена конечна одлука.
Европската комисија предложила следната година да биде последната година како се поместуваат стрелките на часовникот, додека на пратениците им било препуштено да одлучат дали ќе се задржи летното или зимското сметање на времето.
Во анкетата на Европската комисија во која учествувале 4,6 милиони лица, мнозинството било за тоа да се укине поместувањето на стрелките на часовникот.
До промена дошло по притисокот на земјите како Португалија, Грција и Холандија, кои сметаат дека се потребни дополнителни информации за да се оправда праксата на поместување на стрелките два пати годишно, пренесува „Политико“.
Текстот До 2021 година останува зимското и летното сметање на времето е превземен од Reporter.mk.