Облачноста ќе почне да се зголемува од запад и од северозапад па веќе во текот на денешниот ден уште во претпладневните часови се очекува во западните предели локално да има појава на дожд и грмежи, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од западен правец.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На локално ниво процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество воден талог за кратко време, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, а навечер ќе почнат да опаѓаат поради продор на посвеж воздух од север. В среда и в четврток се очекува да продолжат силните ветрови.
Текстот Доаѓа циклонот Флоријан е превземен од Reporter.mk.