Добил отказ од амбасадата на Еквадор, поради пријателството со Асанж

Владата на Еквадор отпуштила едно од официјалните лица од нивната амбасада во Лондон каде се наоѓа основачот на „Викиликс“, Жулијан Асанж. Службеникот бил отпуштен поради тоа што одржувал блиски контакти со Асанж.

Тоа го потврдил и министерот за надворешни работи на Еквадор, Хосе Валенсиа, кој за „Радио Демократија“.

Како што пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“, Валенсиа не дал повеќе информации за настанот, освен тоа дека истиот настанл по растењето на тензиите меѓу првите луѓе во амбасадата на Еквадор и Асанж.

Агенцијата „АП“ пренела дека земјата Еквадор неодамна го обвинила „Викиликс“ и дека помогнала во објавувањето на личните документи на претседателот на државата Ленин Морено.

Морено претходно изјавил дека Асанж нема право да ги хакира приватните налози или телефони и дека не може да се меша во политиката на други земји, особено не на оние кои имаат пријателски односи со Еквадор, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на интервју кое Морено го дал за локалните медиуми.

 

Асанж добил азил во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година, а го побарал за да не биде испорачан во Шведска. Шведските власти сакале да го испрашуваат во рамки на истрагата за сексуален напад.

Од истрагата подоцна се откажале, но Асанж стравува дека би можел да биде испорачан на САД, каде „Викиликс“ е предмет на истрага на обвинителството.

 

Текстот Добил отказ од амбасадата на Еквадор, поради пријателството со Асанж е превземен од Reporter.mk.