Џејмс Елисон и Тасук Хонџо освоија Нобелова награда за психологија и медицина во 2018 година за откритие што довело до напредок во лечењето на ракот, е соопштено од Нобеловиот комитет на шведскиот Институт „Каролиск“.
Во соопштението се наведува дека Елисон и Хонџо покажале различни стратегии за инхибирање на имунолошкиот систем, кои можат да се искористат за време на лечењето рак. Американецот Елисон и Јапонецот Хонџо добиле парична награда во износ од милион долари.
BREAKING NEWS
The 2018 #NobelPrize in Physiology or Medicine has been awarded jointly to James P. Allison and Tasuku Honjo “for their discovery of cancer therapy by inhibition of negative immune regulation.” pic.twitter.com/gk69W1ZLNI— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 1, 2018
Нобеловата награда за физиологија и медицина, со која управува Нобеловиот фонд, се доделува за извонредни откритија во областа на природните науки и медицината.
Just in! Nobel Laureate Tasuku Honjo, surrounded by his team at Kyoto University, immediately after hearing the news that he had been awarded the 2018 #NobelPrize in Physiology or Medicine. pic.twitter.com/8TdlnXiSLe
— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 1, 2018
Наградата за медицина е првата Нобелова награда што се доделува секоја година. Наградата за достигнување во науката, книжевноста, како и наградата за мир, во согласност со волјата на пронаоѓачот на динамитот, бизнисменот Афлред Нобел, се доделува уште од 1901 година.
Наградата за книжевност оваа година нема да биде доделена поради скандалот со поврзаноста со сексуална злоупотреба.
Текстот Доделена Нобелова награда за лечење на заболени од рак е превземен од Reporter.mk.