Ова е најприродниот начин да ослабнете после породување. Секоја родилка размислува за тоа како на најздрав и најприроден начин да го изгуби вишокот килограми кој го добила во текот на бременоста, а особено маснотиите околу стомакот.
За тоа е доволно само да го дои бебето, велат научниците кои докажаа дека со доењето значително се намалува обемот на половината.
Во истражувањето „Резултати од бременоста и здравје во заедницата“ спроведено на универзитетот во Питсбург и државниот универзитет во Мичиген учествувале 700 жени. Истражувачите ги набљудувале мајките 7-15 години откако се породиле.
Резултатите кои се објавени во списанието „Journal of Women’s Health“ покажале дека мајките кои ги доеле своите деца повеќе од шест месеци имале потенка половина за четири центиметри во споредба со половината на мајките кои престанале да ги дојат своите деца пред шестиот месец.
Освен тоа мајките кои подолго ги доеле своите деца имале и помал обем на колковите.
Истражувачите ги зеле предвид и годините, расата или етничката припадност, компликациите во текот на бременоста, социоекономскиот статус и факторите за здравиот начин на живот.
Научниците откриле дека мајките кои ги доеле своите деца имале помал индекс на телесна маса и помал систолен и дијастолен крвен притисок. Причината за тоа е што мајките кои дојат најчесто се личности кои заради нивното бебе се хранат здраво.
Текстот Доењето го намалува обемот на половината кај родилките е превземен од Reporter.mk.