Доѓа нов снег со студен бран

 

За време на овој викенд под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, наутро и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, велат од УХМР.

Уште потопло ќе биде во понеделник кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец . Но во текот на ноќта кон вторник, од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон вторник ќе се прошират на повеќе места, на планините ќе врне снег.

Поради продор на студен воздух од север во текот на ноќта кон вторник ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува а температурите ќе бележат тенденција на нагло и значително опаѓање па така во вторник врнежите од дожд освен на повисоките, ќе преминат во снег и на некои од пониските места но ќе бидат од локален карактер, послаби локални врнежи од снег се очекуваат и во среда а ќе продолжи да дува засилен ветер од северен правец.

Температурите на воздухот ќе опаднат дури за околу 10 степени па така веќе во среда максимумот е од -4 до 5 а во текот на утринските часови и до -10 степени. На повисоките и планинските места ќе дојде до формирање но и зголемување на снежната покривка.

 

Текстот Доѓа нов снег со студен бран е превземен од Reporter.mk.