Доналд и Вивијен од Мичиген минатата недела прославиле 80 години брак! Тие се венчале кога и двајцата имале по 19 години.
„За бракот е добро ако се смеете заедно. Смејте им се на заедничките шеги, но не потсмевајте се еден на друг“, рекол Доналд.
„Вербата секогаш нека ви биде на прво место. Бидете подготвени секогаш да му помогнете на сопружникот и не размислувајте долго за вашите проблеми“, додала Вивиен, велејќи дека тоа е тајната на долгиот брак.
99-годишните Вивијен и Доналд живееле во скромна куќа, повеќе биле сиромашни од богати, ама секогаш биле среќни. Имаат три сина, 4 внуци, 14 правнуци и 15 праправнуци.