Дотерани и на плажа!

Дојде сезоната на годишни одмори. Без разлика дали ќе одите на море или езеро,  потребно е да бидете спремни со атрактивни костими за капење или аксесоари за на плажа.

Точки

На патот до плажа, идеално ќе Ви прилега некој розев фустан со впечатлив дезен, како што се точките кои се модерни ова лето.

Тиркизно

Дводелен костим за капење во кој ќе изгледате прекрасно и ќе ја истакне Вашата морска боја. Секако, покрај костимот за капење, задолжителни се и наочарите за сонце. Тиркизната боја е хит оваа сезона.

Едноделни купаќи

Доколку сакате да го прикриете стомакот, тогаш едноделниот костим за капење е вистинскиот избор за Вас.

Анимален принт

Анималниот принт е доста користен како дезен во 2013 година. Розевата мала чанта ќе го надополни Вашиот изглед, но и ќе знаете во секој момент каде Ви се наоѓаат неопходните работи за пресотојниот топол летен ден.

Идеално за одмор во кафиќ

Доколку сакате да се заштитите од сонцето и да одморите во некој кафиќ во близина на плажата, тогаш изберете фустан со интересен шарен дезен. Ви препорачуваме долг фустан, кој ќе го истакне Вашиот струк.

Пруги

Пругите се полн погодок оваа сезона. Затоа Ви препорачуваме да си понесете во куферот неколку пругасти парчиња облека, кои ќе ја освежат секоја летна дневна комбинација.

Текстот Дотерани и на плажа! е превземен од Reporter.mk.