Од утре кон крајот на понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2), проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.
Текстот Дожд, ветер и снег за овој викенд е превземен од Reporter.mk.