Шумата во Амазонија е најголемата дождовна шума на планетата, а неретко се нарекува и „белите дробови на светот“, затоа што апсорбира енормна количина на јаглерод диоксид и произведува кислород. Произведува околу 20% од кислородот во светот.
Огромните делови од оваа шума во моментов горат, а според наводните податоци забележани се повеќе од 2500 пожари. Огнената стихија е толку интезивна што облаците дим можат да се видат и од вселената.
Пожарите во Амазонија би можеле да предизвикаат несогледливи последици, не само за оние кои ги нарекуваат дом, туку и за милиони животни и билни растенија.
Оваа дождовна шума е еден од највредните ресурси кои светот ги има во борбата против климатските промени. Милијарди дрва го апсорбираат јаглерод диоксидот кој се насобрал низ стотината, ако не и илјадници години. Тие ја забавуваат брзината на глобалното затоплување.
#AmazonRainforest is in danger. My heart aches. It is the world’s heritage. Humanity must take action until it’s too late.pic.twitter.com/Eopk9MYf9G#PrayforAmazonia
— Lisa Jenkins (@LisaJ_3) August 20, 2019
Земјоделството во Јужна Америка опстанува поради дождвите кои ги произведува шумата. Амазонија се протега на околу 5,5 милиони квадратни километри, а покрива околу третина од Јужна Америка. Тука живеат околу 2,5 милиони видови на инсекти, преку 2000 видови на риба, повеќе од 1000 видови на птици и по 400 видови на цицачи, водоземци и рептили. Во Амазонија растат повеќе од 40.000 видови на билки од кои 16.000 се дрва.
Кога се случил шумскиот пожар, во атмосфераа биле емитувани честици од јаглерод диоксид, што го зголемува нивото на јаглерод, а научниците стравуваат дека наскоро би дошло до точка кога Амазонија нема да може да прими и заддржи доволно јаглерод, кој се раширува директно во атмосферата.
NASA maps carbon monoxide from #AmazonRainforest fires from orbit: https://t.co/xFvWUfDfVm pic.twitter.com/eRrp34QvGm
— NASA JPL (@NASAJPL) August 23, 2019
Тоа би можело да доведе до климатска катастрофа и да ги поништи сите климатски цели кои државите ги имаат зацртано.
Анимацијата на НАСА открила алармантен брак на јаглерод моноксид во атмосферата, а ова зголемување директно е предизвикано од кататсрофалните пожари кои беснеат во прашумата.
Нивото на загадување се наоѓа на висина од 5500 метри над Земјината површина, а во некои делови достигнува и максимум од 160 волумени делови на милијарди ppbv, додека за локалните проценки се очекува значително повеќе.
Овој штетен гас може да остане во атмосферата повеќе од месец дена и да направи двојно поголема штета и во поглед на квалитетот на воздухот и да влијае на климатските промени.
Освен тоа, поради така долгото задржување во атмосферата, гасот може да се рашири до оддалечните делови од Земјата. Од 1. јануари до 21. август оваа година забележани се рекордни 75.000 пожари во шумите на Бразик, додека минатата година се забележани 35.000 помалку.
Текстот Дождовните шуми во Амазонија се „белите дробови“ на Земјата е превземен од Reporter.mk.