Дознала дека момчето ја изневерува па ја раскинале веридбата ден пред венчавката

Вистинска драма се случувала во емисијата на австралиското ријалити шоу Bride & Prejudice, откако девојката Изи Весеј ја открила валканата тајна на својот вереник Сајмон Дебоно.

Во шоуто идните невести ги планираат венчавките спротивно на желбата на своите родители, а во последната епизда која се емитувала оваа недела, една од двојките раскина пред целиот аудиториум.

Двојката била во отворена врска, но Изи полудела кога дознала што прави нејзиниот вереник и со кого ја изневерува.

Им било дозволено да спијат со други лица, затоа што го знаеле Сајмон однапред дека бил склон кон неверството. Токму затоа им било дозволено да имаат повремени излети со други лица, но им било забрането да се гледаат со поранешните девојки, односно момчиња.

Сајмон не се придржувал на ова правило и почнал да се допишува со поранешната девојка Меган. А Изи не можејќи тоа да го поднесе јавно пред камерите во емисијата му упатила навредувачки пораки и му раскинала ден пред да се случи венчавката.

 

Текстот Дознала дека момчето ја изневерува па ја раскинале веридбата ден пред венчавката е превземен од Reporter.mk.