„Драга Грета, на децата во Косово им е украдена иднината, не на тебе“ – хуманитарец со порака до Швеѓанката

Говорот на шведската тинејџерка Грета Тунберг, која нема завршено ни средно школо во Обединетите Нации предизвика бројни негодувања ширум светот. Еден од тие кои го осудија нејзиниот настап во најголемата светска организација е член на италијанската партија Лига во Милано и хуманитарец Стефано Павеци.

Павеци објави фотографии со деца од Косово, каде тој во изминатите неколку години е во посета и хуманитарна акција. Тој смета дека ситуацијата со Грета е инструментализација на децата за политички цели, и го осудува нејзиниот потег. Смета дека за разлика од децата во Косово, Грета е размазената млада Швеѓанка.

„Драга Грета, блазе тебе кога ќе заплачеш и кога ќе те слушнат тие моќни луѓе во светот. Блазе тебе што те примија во Обединетите нации. Блазе тебе што можеш да патуваш со бродови и да и пловиш низ морињата. Блазе тебе кога можеш да плачеш ѝ да кажеш, „ми го украдовте детството“. Но, тоа се празни зборови. Блазе им на оние кои сакаат да веруваат во нешто и да сочувствуваат со вас активистите. На оваа фотографија се деца од основно школо во српска енклава на Косово. Тие живеет во руниирани куќи. Опкружени се со омраза од оние кои сакаат да ги истераат од нивната земја. Тие се насмеани, а во рацете држат книги кои вредат пола долар. Затоа драга Грета, додека ти го превртуваш светот наопаку, твоите врсници на Косово не можат да излезат од енклавата и немаат време да зборуваат за климата во Обединетите Нации. Преокупирани се со тоа што ќе јадат пред да заспијат. Најмоќните членки на ОН во 1999 година им ги бомбардираа куќите и им ги убиваа родителите“, напишал Павеци на „Фејсбук“.

Член на Лигата Стефано Павеци во текот на изминатите неколку години постојано е во посета на српската покраина Косово и Метохија, во рамки на химанитарните активности за помош на загрозените во ова место.

 

 

 

Текстот „Драга Грета, на децата во Косово им е украдена иднината, не на тебе“ – хуманитарец со порака до Швеѓанката е превземен од Reporter.mk.