„Постмодерн џубокс“ е бенд што го носи духот на Њуjорк во своите настапи. Нивните настапи се врвно џез и свинг-кабаре, а тие на специфичен начин ги изведуваат песните на Лејди Гага, Ед Ширан, „Вајт страјпс“, „Рејдиохед“ и многу други.
Концертот во организација на „Авалон продукција“ ќе се одржи во Македонската филхармонија на 14 декември. Билетите чинат од 1.500 до 7 000 денари.
Текстот Духот на Њујорк во Скопје е превземен од Reporter.mk.