Македонскиот документарен филм „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и копродукцискиот филм „Ловци на вештерки“ на Рашко Миљковиќ ќе се прикажуваат на престижниот филмски фестивал на авторски и независен филм „Санденс“ следната година.
„Медена земја“ е добитник на неколку награди меѓу кои и награда од Сараевскиот филмски фестивал лани. Продуцент на филмот е Атанас Георгиев.
„Ловци на вештерки“ ќе биде прикажан во категоријата на детски филмови. Премиерата ја имаше на Филмскиот фестивал во Торонто, каде што ја освои наградата на публиката и веќе е прикажан на 30-ина филмски фестивали. Филмот е копродукција со Србија, а во него игра и нашата актерка Јелена Јованова. Продуцент на филмот е Огнен Антов од „Дрим фактори“.
Фестивалот „Санденс“ го основаше Роберт Редфорд во 1981 година. Следното издание ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари 2019 година.
Текстот Два македонски филма на фестивалот „Санденс“ е превземен од Reporter.mk.