Дванаесетгодишно девојче се породи во Австралија

Дванаесетгодишно девојче чиј идентитет засега не е откриен, се породило во болница во градот Перт и станала најмладата мајка во историјата на Австралија.

Градскиот одбор не сакал да го коментира овој случај, но признал дека заедно ќе ја дадат потребната поддршка.

„Потребен е координиран одговор од државните власти и агенцијата за поддршка во краткорочен и долгорочен временски период, за да се постигне добробит за сите погодени страни“, изјавиле од одборот за локални медиуми.

„Градскиот одбор, полицијата и Одделението за здравство заедно работат во интерес на сите заинтересирани страни“, се додава во соопштението.

Соговорничката Џеки Танг, за медиумите наведува дека се истражува дали причината за бременоста е сексуално злоставување.

„Ако биде потребно, полицијата ќе направи истрага и ќе биде обезбедена соодветна поддршка за девојчето“, вели Танг.

 

Од 1980 година, во Австралија се регистирани дванаесет пораѓања на девојчиња од дванаесет годишна возраст, стои во извештајот од Одделението за здравство.

Во 2017 година регистирани се породувања на девојчиња на тринаесетгодишна возраст, но има и случај и со помлад девојче, од седум годишна возраст. Исто така регистирани се случаи на породување на девојчиња од четрнаесетгодишна и петнаесетгодишна возраст.

 

Текстот Дванаесетгодишно девојче се породи во Австралија е превземен од Reporter.mk.