Јулија Шарко од Белорусија починала како последица од гушење, од подвижниот прозорец на нејзиниот автомобил, кој го активирал нејзината двегодишна ќерка која случајно го стиснала копчето на вратата, пренесува „Дејли мејл“.
Несреќниот случај настанал додека Јулија додека се обидувала да ја изнесе ќерката од автомобилот низ прозорецот на предниот дел од автомобилот. Прозорецот автоматски почнал да се затвора и да го притиска вратот на Јулија.
Нејзиниот сопруг Артур ја нашол онесвестена само неколку минути подоцна. Артур го скршил прозорецот и ја однел во болница, каде лекарите можеле да ја констатираат нејзината смрт. Настанот се случил на 21. роденден на Јулија.
„Мозокот и бил неповратно оштетен поради притиснатите крвни жили“, стои во медицинскиот извештај.
По повод трагичниот случај се огласил и полицискиот инспектор Дмитри Ивањук.
„Младата жена била во посета на пријатели со своето семејство во местото Старое Село. Сопругот ја пронашол онесвестената сопруга на 31 август околу 16:30 часот, а вратот ѝ бил притиснат од прозорецот во предниот дел на автомобилот“, изјавил Ивањук.
Текстот Двегодишно девојче случајно ја убило својата мајка во автомобил е превземен од Reporter.mk.