Двојниците на Ким Џонг Ун и Доналд Трамп се забавуваат во Осака

Познатите актери-двојници на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и на претседателот на САД, Доналд Трамп, се во јапонскиот град Осака, каде што на 28 и 29 јуни ќе се одржи самитот на Г-20, соопшти на „Твитер“ Хауард Екс, кој ја игра улогата на лидерот на Северна Кореја.

Двојниците на двајцата државни лидери, кои станаа во последниве години светски познати, се шетаат низ Осака, се сликаат со минувачите, дури и јадат од традиционалното јадење такојаки.

Во разговорите со новинарите, тие двајцата открија дека неодамна размениле убави и топли писма.

Текстот Двојниците на Ким Џонг Ун и Доналд Трамп се забавуваат во Осака е превземен од Reporter.mk.