Двојникот на принцот Хари живее во Хрватска

Принцот Хари има двојник кој живее во Хрватска. Дваесет и едногодишниот Роберт Бојаниќ потекнува од Пореч ѝ како единствено црвенокосото момче на овие простори кое се занимава со манекенство, го привлекува вниманието каде и да се појави. Неговите агенти велат дека тешко е човек да прошета покрај реката во неговото родно место, а да не го забележи ова маркантно момче.

Бојаниќ ги одбегнува социјалните мрежи и нема ниту еден профил. Бил регрутиран од поранешната хрватска мисица Вања Рупер. За него вели дека од мали нозе бил принуден да се бори со разни предрасуди.

„Насекаде ме запираат. Постојано сум на мета на минувачите без разлика дали станува збор за трговски центар, во пекара, или пак меѓу патниците во трамвај или автобус“, вели Бојаниќ.

Бојаниќ кој живее во Загреб во моментов се одмора со негов близок пријател во родниот крај. Повеќето негови пријатели го препознаваат како „хрватскиот принц Хари“, надимак кој му има отворено голем број на врати во светот на модата. Иако споредбата со членот на кралското семејство е олеснителна околност во неговиот живот, на Роберт не му е потребна дополнителна промоција. Уште на првото видување, на модните агенти им било јасно дека станува збор за момче кое поседува x фактор.

Но, Бојаниќ вели дека не му било отсекогаш лесно да биде поинаков. Во тоа се уверил од мали нозе.

„Од мојата осум годишна возраст се занимавам со танцот. Имав безбројни настапи по лизгалишта, танчерски натпреварувања, а во школо ми говореа дека треба да се заниамавам со спорт со фудбал, дека сум машко, а танцот е за девојчиња. Но, не ги послушав. Трпев понижувања осум години. Во тој период се занимавав со танц и тоа ми остана немил спомен од детството“, вели Бојаниќ.

Со преселбата во Загреб, Бојаниќ успеал да се спаси од негативните коментари и навреди. Бизнисот со моделство го однел дури и во Кина, од чие гостопримство бил воодушевен. Потенцијалот на ѕвезда и двојник на принцот Хари го препознала Рупен, а нејзината понуда за соработка Бојаниќ вели дека не можел да ја одбие.

 

 

Текстот Двојникот на принцот Хари живее во Хрватска е превземен од Reporter.mk.