Џеф Безос ги заплаши вработените дека „Амазон“ ќе пропадне

Најбогатиот човек на планетава Џеф Безос, пред своите вработени изјавил дека неговата компанија „Амазон“, еден ден ќе пропадне, но дека нивна должност е тој момент да го одложат за колку е можно подолг период.

„Предвидувам дека Амазон еден ден ќе пропадне. Амазон ќе банкротира. Ако ги погледнете големите компании, нивниот животен век е некаде околу 30, а не 100 или повеќе години“, изјавил Безос за CNBC.

Безос смета дека клучно е компанијата да продолжи да биде „опседната“ со муштерии, за да евентуалниот банкрот го одложат на колку е можно подолг период.

„Ако почнеме да се фокусираме на себе, наместо на муштериите, тоа ќе биде почеток на крајот. Мораме да се обидеме да го одложиме тој ден, на колку е можно подолг период“, изјавил Безос.

Сепак најбогатиот човек на светот на шала изјавил дека пронашол решение како Амазон може да преживее. Тој вели дека треба да почнат со производство на алкохол.

„Повеќето компании кои се стари повеќе од стотина години се пиварите. Тоа е многу интересно. Не сум сигурен што тоа говори за општеството“, изјавил безос низ смеа.

 

 

Текстот Џеф Безос ги заплаши вработените дека „Амазон“ ќе пропадне е превземен од Reporter.mk.