Повеќе од илјада работници во европските магацини на американските компании на „Амазон“ стапија во штрајк барајќи подобри услови за работа и поголеми плати.
Amazon workers strike in Germany, joining action in Spain and Poland https://t.co/22GDNNfhUD pic.twitter.com/lDMrD30NQX
— Reuters Top News (@Reuters) 17 July 2018
За денеска е најавен штрајк на магационерите на „Амазон“ во Германија, а со тоа тие ќе им се приклучат на колегите од Шпанија и Полска, кои вчера запреа со работа.
Германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“ повика на еднодневен штрајк за да ги поддржи барањата за договори со кои би се гарантирале здрави работни услови во магацините на најголемата светска компанија за е-трговија.
„Пораката е јасна. Додека онлајн гигантот заработува, милијардерот штеди пари на здравјето на своите работници“, изјавила Штефани Нукенберг од синдикатот „Верди“, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Некои од работниците во магацините тврдат дека добиваат казни ако земат слободни денови и дека работат толку напорно што не можат да си дозволат ни пауза за да отидат во тоалет.
Еднодневниот штрајк во шесте објекти во Германија се совпадна со денот за промоција на „Амазон“ (Prime day) во Америка, кој бил вчера, додека работниците во Шпанија се во тридневен штрајк.
Jeff Bezos, the CEO of Amazon, says he is “very proud” of the working conditions at Amazon. Maybe he should listen to the story of this former Amazon worker who, after breaking her foot on the job, was told to take ibuprofen and finish her shift or go home with unpaid time. pic.twitter.com/lRPUCWGxeF
— Bernie Sanders (@SenSanders) 11 July 2018
Во „Амазон“ очекуваат дека само дел од 12 0000 нивни работници во Германија ќе се приклучат на штрајкот. Исто така, нагласуваат дека централниот магацин на „Амазон“ нуди конкурентна плата и сеопфатни погодности од првиот ден на вработувањето. Постојано вработените заработуваат по 12,22 евра на час или повеќе, по две години стаж во фирмата.
Германија е вториот пазар по големина за „Амазон“, по САД. Нето-продажбата минатата година пораснала за 20%, односно на 17 милијарди долари, што го прави 9,5% од вкупната продажба, се наведува во годинешниот извештај на компанијата.
Текстот Џеф Безос не им дозволува на вработените да одат во тоалет е превземен од Reporter.mk.