Милијардерот и педофил Џефри Епстајн е погребан на необележана семејна гробница на Флорида. Епстајн бил погребан покрај своите родители, а неофицијално, извадени се плочките со нивните имиња и заменети се со празни, за да се спречи секаков облик на вандализам.
Погребот го организирал неговиот брат Марк. Светските медиуми пишуваат дека тој бил гневен на прашањата на новинарите за гробот на Џефри.
„Тоа не е ваша работа“, изјавил Марк и додал дека погребот е семејна работа и дека нема намера да одговара на прашањата.
Гробното место го чинеле семејството на Епстајн 250.000 долари.
Милијардерот се самоуби во затвор, на 10 август, додека го чекаше судењето заради тврдењата дека предводел група за детска проституција.
Епстај, кој беше уапсен на 6 јули, се изјасни дека не се чуствува виновен за обвинувањата за трговија со луѓе во која биле вклучени и десетици малолетни девојчиња на востраст од 14 години, и тоа во периодот од 2002 до 2005 година.
Текстот Џефри Епстајн погребан во необележена семејна гробница е превземен од Reporter.mk.