Деветгодишно момче од Британија, Џејми стана „заробеник“ во сиропиталиште во Дубаи, откако одбило да се врати кај неговата мајка која живее во Марсеј во Франција, пишува Дејли Мејл.
Момчето не сака да се врати назад затоа што вели дека неговата мајка го малтретирала. Судот претходно одлучил да и го додели старателството на неа. Неговиот татко со кого Џејми сака да живее работи во Обединетите Арапски Емирати.
Чарли и мајката на Џејми во моментов се во фаза на развод. Чарли сега соочува со затворска казна доколку не се покори на барањата да го врати Џејми назад во Франција. Мајката го обвинува сопругот дека го свртел нејзиниот син против неа и побарала од Францускиот суд да превземе мерки за да го врати момчето дома.
Џејми откако му завршило времето за посета кај неговиот татко, одбило да се врати. Џејми на 7. ноември бил однесен во сиропиталиште, кое се наоѓа во пустина, во близина на Дубаи.
Членови од семејството кои бараат момчето да остане со неговиот татко, потпишаа и петиција во која навестуваат дека сиропиталиштето било оградено со 25 метри висока ограда, и повеќе наликувало на затвор отколку на сиропиталиште. Велат дека Џејми не заслужува ваков живот и ќе направат се за да го спасат од местото каде во моментов се наоѓа.
Во петицијата е навестено дека малиот Џејми не заслужува ваков третман и дека треба да биде сослушан. Треба да се одбие барањето на неговата мајка да се врати кај неа ѝ да му се овозможи да живее со неговиот татко, кај кого Џејми сака да остане.
Семејството и пријателите дури и побарале британската премиерка Тереза Меј да интервенира.
„Ова не е војна со Средниот Исток. Ова е модерен Среден Исток, каде милони луѓе секоја година доаѓаат за време на одмори, празници или работа“, пишува во петицијата.
Неговото ментално здравје се влошува. Сите сме загрижени за неговата безбедност и живот. Дури и една од неговите тетки која живее во Велика Британија Мориа, вели дека би било застрашувачко доколку му се дозволи на малиот Џејми да се врати кај неговата мајка. Таа на адвокатите им рекла дека имало моменти кога малиот Џејми и кажал дека некогаш сакал да заспие навечер и никогаш да не се разбуди.
Таа вели дека 40 годишниот Чарли кој работи на брод, дури и бил подготвен да заврши во затвор, само да не го врати својот син назад кај неговата мајка. Но, набрзо потоа Чарли сватил дека зад решетки не би бил премногу корисен.
Чарли се согласил да го предаде Џејми на неговата отуѓена жена, која работела во семен судски центар во Обединетите Арапски Емирати, за да нема проблеми со законот. Но семејството и пријателите на Џејми велат дека момчето постојано викало и одбивало да се врати назад кај мајка му. Џејми потоа завршил во сиропиталиште.
Оттогаш малиот Џејми го видел својот татко само еднаш.
Во петицијата потпишана од пријателите и семејството се вели дека, човечките права на Џејми се прекршени од страна на Француските авторитети, а не од службите каде момчето во моментов се наоѓа. Службите во Саудиска Арабија постојано биле коректни со Џејми, но од друга страна се приморани со билатералните договори, да се покорат на барањата на француските колеги.
Текстот Џејми заробен во сиропиталиште во Дубаи, откако одбил да се врати кај мајка му во Франција е превземен од Reporter.mk.