Ед Ширан им го разубави денот на малите пациенти во детска болница во Бостон. Музичката ѕвезда разговараше со децата и им одговори на прашања „дали ја бојадисува црвената коса?“ и „дали очилата ги носи од потреба или за мода?“, а потоа го изведе хитот „Перфект“.
„Ти благодариме Ед што помогна да измамиме насмевки на лицата на нашите пациенти, семејствата и вработените!“ – му порачаа од болницата.
Текстот Ед Ширан измами насмевки на болните деца во Бостон е превземен од Reporter.mk.