Есента брзо дојде, а со нејзе и голем број на различни модни трендови… Кои да ги изберете и испробате?
Иако на повеќето летото им е омилено годишно време, мораме да признаеме дека ја сакаме есента поради сите модни комбинации кои можеме да ги смислиме и да ги носиме секојдневно, а кои вклучуваат удобни џемпери и предимензионални дуксерки, ролки, фармерки, пантолони, шик капи и шалови кои ја освежуваат целокупната комбинација.
Меѓутоа, понекогаш во сите трендови и омилени парчиња можеме да се изгубиме. Што да споиме и да и да искомбинираме, како да носиме одреден модел на џемпери, како да акцентираме и во кои парчиња да инвестираме… Одговорите на овие прашања ве очекуваат во продолжение, каде што ќе можете да ги пронајдете неверојатни трендови кои би требало да ги испробате оваа сезона и да ги искористите за креирање на супер стајлинзи.
Длабоки „згужвани“ чизми
Тие се идеален модел на обувки за есен, но и за зимските денови, кои можете да ги носите со апсолутно сè: од фармерки до фустани.
Кардигани
Заборавете на некогашните стереотипи кои се врзуваат за ова модно парче, денес тие важат за едни од „главните“ парчиња кои секоја модерна дама има во својот стајлинг. Тие се супер алтернатива за класичните блузи, а со нив можете да ја носите и омилената тенка маичка или – ништо.
Голем накит
Аксесоарите се еден од најбитните акценти на секој стајлинг, а оваа есен никако не е исклучок. Ланчињата преку ролката, предимензионалните очила, шнолите во косата и воочливите висечки обетки се одлична колекција со помош на кои ќе изгледате нестварно добро и самоуверено.
Сатенски слип-здолништа
Макси здолништата веќе преземале главни трендови, а оваа есен добиваат елегантно унапредување во вид на свила. Наместо класичните здолништа, оваа сезона носете слип модели и комбинирајте ги со гломазните топли џемпери, кардигани или блузи во истиот стил. Нема да се покаете!
Аксесоари со мотив на крокодилска/змиска кожа
Денес овој тренд и тоа како е популарен, па затоа гледајте да инвестирате во аксесоари од вештачка кожа. Со змиски или крокодилски мотиви, ваквиот детаљ ќе го подигне целокупниот изглед на повисоко ниво.
Текстот Едноставни есенски трендови кои треба да ги испробате! е превземен од Reporter.mk.