Еквадор со песна го дочека првиот случај на коронавирус

Во Еквадор првиот случај на коронавирус беше пречекан со песна. По официјалното соопштение дека во земјата е забележан првиот позитивен случај на опасниот вирус, беше објавена песната ,,Коронавирус” со видео спот.

Во спотот, медицински лица преку танц и игра ги пренесоа препораките на властите за заштита од вирусот. Забавната и весела песна е со цел да ја намали и паниката која би можела да биде предизвикана кај населението поради вирусот.

Она што е интересно е дека песната за само неколку часа стана хит. Масовно се споделува, и набргу по објавата доби над еден милион прегледи.

 

Текстот Еквадор со песна го дочека првиот случај на коронавирус е превземен од Reporter.mk.