Еден од најозлогласените нарко босови на денешницата Хоакин Гузман, познат под надимакот Ел Чапо, бил виден од присутните во судницата во Њујорк, како плаче како мало дете.
Ел Чапо чие судење влезе веќе во седмата недела, почнал да плаче кога во салата влегле неговите ќерки близначки (7). Девојчињата пристигнале со нивната мајка Ема Коронел Аиспуро.
„Отворено плачеше пред сите присутни во судницата. Пред обвинителите, судијата, поротниците. Очите му беа целите црвени. Ова беше прв пат да си ги види ќерките уште од август“, изјавил неговиот адвокат Едуардо Баларесо.
“El Chapo” was reduced to tears as wife, daughters appeared in court https://t.co/DdWdclYCQt pic.twitter.com/uzczM1TPuD
— CBS News (@CBSNews) December 24, 2018
Психолозите велат дека ваквата сцена би требало Ел Чапо да го претстави во позитивни светло пред поротниците. Сопругата на Ел Чапо и ќерките се единствените членови на семејството кои имале право да го посетат по неговото испорачување в САД. Ќерките го посетле Ел Чапо и во затворот каде бил во изолација.
На Ел Чапо му се суди по 17 точки на обвинение, меѓу кои и шверц на дрога. Се смета дека картелот Синалоа, на кој тој бил главен, е одговорен за криумчарење на повеќе од половината од вкупната количина на дрога, преку американско-мексиканската граница. Со овој шверц на дрога, Ел Чапо богатството го сведол на милијарда долари.
Текстот Ел Чапо плачел како мало дете во судницата кога ги видел ќерките е превземен од Reporter.mk.