Интернет корисниците неодамна открија снимка од разговорот меѓу поранешниот претседател на Русија Борис Елцин и неговиот тогашен колега Бил Клинтон.
Американците го симнаа од снимката печатот за државна тајна. Во нив рускиот лидер, меѓу останатото му соопштува на американскиот претседател за плановите да му ја предаде власта на Владимир Путин и се изразил жалење што комунистите, наводно во тој период, планирале да ги земат Крим и Аљаска.
Документите во јули ги обнародиле од Клинтоновата претседателска библиотека. Во објавените материјали има вкупно 56 белешки. Меѓу нив има и извештаи за личните средби и телефонски разговори.
Како што истакнува Џејмс Голдгејер на страниците на весникот Texas National Security Review, двајцата лидери воспоставиле тесни лични односи и ги користеле со цел за ефикасна соработка, дури и кога имале отворени несогласувања по некои прашања, меѓу кои и најсериозното влијание на ширењето на НАТО и војната на Косово.
Целосната поддршка на Клинтон за Елцин
„Клинтон по политичката криза во 1993 година во Русија и финансиската криза во 1998 година, цело време му давал поддршка на Елцин“, истакнува авторот.
На пример, два дена по тенковските пукања на зградата на парламентот во Москва (кои не биле одраз на здрава демократија, се оградува Голдгејер), американскиот претседател му телефонирал на рускиот колега и му ја дал својата поддршка, истакнувајќи дека сега нема пречки за организирање на демократски избори.
Во разговорот за време на Првата чеченска војна, Клинтон изразил загриженост во врска со влијанието на таа војна на имиџот на Елцин, пренесува Russia Beyond.
Елцин во 1996 година го замолил Бил Клинтон (Бил како што го нарекувал во личните разговори) да му помогне со брз кредит од 2,5 милијарди долари за изборна кампања. Рускиот претседател истаканал во разговорот дека парите му биле потребни за пензии и плати. Клинтон ветил дека ќе поработи со Меѓународниот монетарен фонд и некои пријатели за да види што може да направи.
Во април 1996 година, Елцин му се пожалил на Клинтон на поддршката која американските медиуми им ја даваат на комунистите кои ги прикажуваат како чесни и добри, а тие наводно, сакале да го вратат Крим и дури ковале планови поврзани за враќање и повторно присвојување на Аљаска.
„Милошевиќ е хилиган, штета што е Србин“
Во телефонскиот разговор за време на бомбардирањето на Југославија, Клинтон му рекол на Елцин дека Милошевиќ е хулиган и дека не треба да биде пречка во нивните односи.
„Штета што тој е Србин. Подобро ќе беше да е Ирец или нешто слично. Но, што да се прави“, изјавил тогаш американскиот претседател. Елцин на тоа му се пожалил дека балканот ќе биде во лоши односи со Западот. Според зборовите на Елцин, Клинтон постигнал монгу во правецот на подобрување на ставот на руските политичари кон Западот и конкретно кон САД, а сега сето тоа пропаднало.
Но кога во 1999 година со учество на Русија е постигнат договор со Југославија, Елцин со топол говор му се обратил на Клинтон.
„Сакам да ве прегрнам и бакнам. Искрено се радувам што во ваква тешка ситуација нашето пријателство не е нарушено“, му рекол Елцин.
Сепак кога неколку дена подоцна руските војници го завземале приштинскиот аеродром, Клинтон се наљутил и му се обратил на Елцин, заканувајќи му се дека ќе се откаже од организирањето на самитот Г-8.
Двајцата го гледале Путин како сигурен наследник
Во септември 1999 година, Елцин преку телефон му соопштил на Клинтон, која личност ја планира за свој наследник. Шефот на руската држава раскажал дека долго време се двоумел околу кандидатот, се додека не го открил Путин.
Текстот Елцин ги открил тајните на комунистите за освојување на Крим и Аљаска е превземен од Reporter.mk.