Елитни полицајци фатени во секс-афера во њујоршката полиција

Скандал ја потресе њујоршката полиција откако четворица нејзини припадници биле вмешани во сексуална афера, со која, како што велат одговорните служби, ја посрамотиле целата служба.

Станува збор за припадници на елитната Група за стратешки одговор, кои работат заедно во градот во кој е регистрирана веројатно најголемата стапка на насилство во светот.

„На крајот се утврди дека членовите на елитната група не ги чуваат баш најдобро грбовите на членовите на тимот. Или тоа го прават на чуден начин“, вели портпаролот на њујоршката полиција.

Целата афера почнала откако полицајката Тајиз Копин (41) на својот инстаграм-прфил објавила фотографија од нејзиното момче, кое истовремено бил и нејзин колега. Станува збор за лицето Кандои Ворли, кој на фотографиите што Копин ги пронашла во неговиот телефон ја имал прегрнато колешката од истата станица Стефани Галјадрдо.

Копин вели дека ги фатила во љубовен клинч, а откако открила дека нејзиното момче ја изневерувал со нејзината колешка, фотографиите ги објавила на социјалните мрежи.

На едната фотографија Ворли ја прегрнува Галјадрдо, а потоа ја потпира нејзината глава на своите гради.

„Ѝ реков на девојката дека ја сакам 10 минути пред да ја имам оваа“, напишала изневерената Копин под корисничкото име mike_lowry_78. „Имам девојка, но оваа не е таа“, додала Копин во  коментарот.

Веднаш откако пукнал срамот во полицијата, била отворена внатрешна истрага. Галјадрдо признала дека во септемви и октомври минатата година имала интимни односи во Ворлијем.

На прашањето за неверството, Галјадрдо објаснила дека со нејзиниот сопруг, наредник Кристијан Галјадрдо, кој работел со неа, не е во врска, иако живеат во ист стан и ја одгледуваат нивната 20-месечна ќерка.

Исто така, Галјадрдо тврдела дека врската до Ворлијем не била интимна, со исклучок на неколкуте бакнежи што се случиле во времето додека не биле на должност.

Нивните надредени по излегувањето на скандалот во јавност веднаш им ги одзеле нивните оружја, вкупно девет пиштоли. Велат дека биле принудени на ваква ситуација поради екстремно стресната ситуација. Минатата недела оружјето им било вратено, но истрагата сè уште трае.

Полицијата во Њујорк не им брани на своите припадници да влегуваат во меѓусебни љубовни врски, освен во случај едниот од нив да му претставува супервизор на другиот. Во овој случај Ворил ѝ бил супервизор на Галјадрдо.

 

Текстот Елитни полицајци фатени во секс-афера во њујоршката полиција е превземен од Reporter.mk.