Елон Маск создаде мини подморница за спасување на децата во Тајланд

Милионерот Елон Маск на својот Твитер налог споделил фотографија и видео снимка од метална подлога за која тврди дека би можела да помогне во спасувањето на групата на момчиња кои се заробени во пештера во Тајланд.

Маск во неделата вечерта изјави дека подморницата со големина на дете, е на пат кон Тајланд и дека ќе стигне за околу 17 часа.

„Се надевам дека е корисно“, напишал тој и додал.

„Ако не сега, можеби ќе се користи во некоја идна ситуација“.

Засега нема индиции дека ќе се користи ваквата подморница.

Четворица момчиња кои веќе се спасени, ги следеле елитните нуркачи кои морале стигнат до поплавените тунели преку тесни премини.

Снимките кои се споделени на Твитер налогот на Макс, покажува група која го тестира уредот во базенот во Лос Анџелес.