Ема Коронел сопругата на најозлогласениот нарко шеф во светот Ел Чапо Гузман, постојано била на судењата на нејзиниот сопруг во судницата во Њујорк. Ема вели дека ѝ покрај пресудата на судот, нејзиниот сопруг остатокот од својот живот да го мине во затвор, таа ѝ понатаму ќе остане со него.
Додека го изведувале од судницата по прочитаната пресуда дека е виновен по сите точки на обвинувањето, поради трговијата со дрога, со која сè занимавал со години, присутните велат дека Ема фрлила поглед кон кралот на дрогата, а тој со подигнат палец ѝ покажал да не сè грижи за ништо и дека се ќе биде во ред.
Блиски лица до Ел Чапо велат дека со нејзините доаѓања во судницата, Ема покажала дека ќе остане со сопругот без оглед на се. Таа дури ѝ неколку недели пред пресудата, на социјалните мрежи објави дека засекогаш ќе го сака својот сопруг и дека ќе биде секогаш ќе биде тука за него.
Многумина веруваат дека младата Американка, родена на ранч во Калифорнија, мајка на близнаци и која е поранешна мисица, со своите истапи во јавност и присутноста во текот на судењето, имала за цел да го подобри имиџот на Ел Чапо и можеби на некој начин да ја омекне поротата.
Згодната Ема постојано на судењата доаѓала со големи очила за сонце ѝ била опкружена со адвокатите на Ел Чапо и нејзините телохранители.
Нејзиниот сопруг кој бил обвинет за трговија со сите видови на дрога низ цела Америка, заработил можеби и 14 милијарди долари, а притоа илјадници луѓе загинале во време на војна меѓу тамошните банди. Исотвремено во богатството и раскошот ужвала и самата Ема.
Ема без оглед на се, вели дека сè трудела да им помогне на бранителите на Ел Чапо. Уште во 2016 година кога станало јасно дека Ел Чапо ќе биде испорачан во САД, дотогаш таинствената Ема почнала изненадувачки да дава интервјуа за мексиканските медиуми.
Меѓу останатото, таа истакнала дека ќе се бори за животот на нејзиниот сопруг. Повторувала колку многу го сака својот сопруг и дека тој бил скромен и понизен човек. Објаснувала дека ѝ тој ја сакал неа колку што ги сакал неговите ќерки близначки.
Многумина сè убедени дека нејзината главна цел била да спречи евентуална ликвидација на својот сопруг во Мексико. Бранителите на Ел Чапо се плашеле дека некои од довчерашните соработници, корумпирани моќници, би можел да го убие и да ги сокрие трагите зад себе. Ема со интервјуата сè обидела да го спречи таквиот исход.
Дотогаш за нивната врска знаеле малкумина и тоа биле приказни од втора рака. Ема за Чапо сè омажила кога имала 18 години, а тој сè заљубил во неа на прв поглед, кога ја забележал на едно натпреварување за убавина.
Тогаш се погрижил таа да победи на натпреварувањето, а често поради нејзиниот изглед, многумина ја споредувале со американската старлета Ким Кардашијан. Венчавката на нарко шефот и младата Ема било одржано во 2007 година, а на церемонијата имало неколку официјални лица.
Ел Чапо тогаш имал 52 години. Таа тврди дека тогаш не знаела дека тој е најбараниот нарко шеф.
„Би рекла дека ме освои со начинот на кој разговараше со мене, како сè однесуваше кон мене, начинот на кој почнавме да се зближуваме“, прво како пријатели и од тоа произлезе се друго“, изјавила Ема за La Tajms во 2016 година.
Иако во последните неколку месеци додека траело судењето во Њујорк, на светот се обидела да му го прикаже својот брак како голема љубовна приказна, вистината, како што пишува британски „Гардијан“, била дека бракот со Ел Чапо бил претходно договорен.
Ема била чувана од вооружената војска на Гузман, а во 2012 година ги добиле близначките кои Американката ги родила во Лос Анџелес. Името на нивниот татко не е запишано во крштеницата, затоа што во тоа време, неговата глава била уценета на пет милиони долари.
Тој доста време минал во бегство, а го следеле голем број на верни луѓе, како и куварки кои всушност биле проститутки. Неговата љубов кон жените го чинела главата, затоа што на своите девојки им давал мобилни телефони. Во 2015 година, му давал интервју на актерот Шон Пен, што подоцна довело до негово апсење.
Ема своевремено изјавила дека не била љубоморна на другите жени.
„Тој е татко на моите деца и мислам дека повеќе пати покажав дека ќе го следам каде и да оди“, изјавила Ема.
Неговата 32 години помлада сопруга, го следела судењето со мирно лице. Некои велат дека имала лице на покераш и мирно ги слушала соработниците на нејзиниот сопруг, кој зборувале за злосторствата кои тој ги сторил.
Текстот Ема не успеа да ја омекне поротата која му пресуди на нејзиниот сопруг Ел Чапо е превземен од Reporter.mk.