Емир Костурица му посвети песна на рускиот генерал Сергеј Шојгу

Познатиот режисер Емир Костурица на затворањето на манифестацијата „ Меѓународни воени игри“, му посвети песна на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Многупати во животот гледам како луѓето пукаат и се убиваат. Благодарение на мојот другар Сергеј Шојгу, направена е Олимпијада каде се пука, но не се убива. Песната е посветена на мојот другар Сергеј Шојгу“, изјавил Костурица на руски јазик и со својот бенд „No smoking orkestra“ ја изведе песната.

„Меѓународните воени игри“, почнаа на 28 јули, а официјално се завршени со богатата културно уметничка програма и десетминутен огномет над паркот „Патриот“, покрај Москва.

На воената Олимпијада учествуваа 189 екипи од 32 земји, кои се натпреваруваа во 28 дисциплини.

Руската војска во повеќето дисциплини убедливо триумфираше и го потврди статусот на најсилната воена сила на планетата.

 

 

Текстот Емир Костурица му посвети песна на рускиот генерал Сергеј Шојгу е превземен од Reporter.mk.