Големите светски градежни изданија од типот на Ајфеловата кула и Емпајер Стејт Билдинг од година во година бележат милиони посетители. Локалните водачи на големиот број туристи споделуваат интересни инфорамции во врска со нивното минато и начинот на кој тие биле изградени.
Емпаер Стејт Билдинг (Њујорк)
Вкупно 3400 работници учествувале во изградбата на 102 катниот облакодер Емпајер Стејт Билдинг. За време од една недела граделе по четири ката. Целата зграда била готова за 450 дена. Висока е 381 метар, а се до 1972 година ја носела титулата за највисока зграда во светот. За нејзината изградба биле потрошени 40 милиони долари.
Денешната вредност изнесува 637 милиони долари. Зградата има свој поштенски број, а врвот бил замислем како место каде може да се паркира цепелин. Облакодерот се наоѓа на раскрцницата помеѓу Петатта авенија и 34 Западна улица. Овој облакодер го добива своето име според прекарот на државата Њујорк.
Ајфеловата кула (Париз)
Симболот на Париз е една од најпрепознатливите градежни изданија на светот. Кулата е направена за Светската изложба во Париз и е градена цели две години, а се состои од вкупно 18.000 парчиња железо.
По 20 години требало да биде срушена, но градските власти одлучиле да ја задржат поради антените на врвот кои биле важни за радискиот сигнал.
Денес без Ајфеловата кула, градот Париз би бил непрепознатлив. Кулата секоја година ја посетуваат милиони луѓе, а за одржување на истата ангажирани се 600 работници.
Таџ Махал (Агра, Индија)
За да биде направен музејот Таџ Махал, биле ангажирани 22.000 работници, 1000 слонови и 28 различни видови камења. Изградбата траела 17 години. Славниот музеј по својата симетрија, зависно од добата на денот, секогаш прикажува различна боја.
Легендата вели дека на работниците кои биле ангажирани за изградбата на музејот, по завршувањето им биле сечени рацете и прстите, за никогаш потоа не би можеле да изградат нешто вакво слично издание.
Фонтаната Треви (Рим)
Фонатата Треви изградена во Рим, е позната во светот по фрлањето на парички во неа преку левото рамо, потег кој гарантира дека повторно ќе се вратите во Вечниот град.
Градските власти немаат ништо против тоа што туристите фрлаат парички во фонтаната, со оглед на тоа што секој ден од истата извлекуваат околу 3000 евра.
Годишно оваа фонтана го полни градскиот буџет за милион евра. Парите кој секојдневно се собираат од страна на работниците ангажирани за чување на објектот, се донираат во повеќе од 200 земји.
Црквата Саграда Фамилија (Барселона)
Кој ја посетил каталонската престолнина, не може да остане рамнодушен пред изгледото на Светото семејство.
Црквата е врвно издание на големиот архитект Антони Гуадиј, а и покрај тоа што изградбата почнала уште во 1882 година, таа до ден денес не е завршена.
Легендарниот Гауди на неа работел 40 години, се до својата смрт, а според последните информации, се очекува катедрата да биде завршена до 2025 година.
Статуата на слободата (Њујорк)
Статуата на слободата во Њујорк е направен во Франција и претставува подарок од Франција за САД. За тоа колку е голема говори фактот што на патот до Америка била расклопена и 350 делови биле пренесени со бродови.
Скулптурата ја претставува римската божица на слободата Либертас.
Таа држи факел над главата со десната рака, а во левата рака носи табула ансата на која има впишано со римски бројки: JULY IV MDCCLXXVI (4 јули 1776), датумот на Декларацијата за независност на САД.
Статуата станала икона на слободата и на САД. На нејзината нога може да се види раскинат синџир кој укажува на тоа дека дамата била поробена.
Ермитаж (Санкт Петербург)
Еден од најголемите и најубави светски музеи е изграден во градот Санкт Петербург. Во својата колекција има повеќе од три милиони примероци, а тука се наоѓаат изданијата на Микеланџело, Леонардо, Рубенс, Рембранд, Ван Гог и Пикасо.
За еден посетител се задржи барем една минута кај секој експонант, би му биле потребни 11 години за да го обиколи целиот музеј. Музејот е специфичен по тоа што во него се вработени 60 мачки, задолжени за чување на музејските простории од глувци.
Кривата кула (Пиза)
Една од најпосетените атракции на светот, во деведесетите години од минатиот век била затворена за јавноста, затоа што кулата едноставно била премногу навалена, па безбедноста за посетителите била загрозена.
Приметувајќи го тоа, италијанските власти донеле план за обнова и враќање на кулата во положбата која ја имала во 1838 година.
Проектот го направил архитектот Микеле Јамоилковски. Кулата е спасена, а целата операција чинела 25 милиони евра. Од 2001 година, кулата повторно била отворена за јавноста.
Текстот Емпаер Стејт Билдинг бил изграден за 450 денови, а за музејот Таџ Махал биле користени 1000 слонови е превземен од Reporter.mk.