Еврејка што го преживеа Аушвиц го прослави 104. роденден на Ѕидот на плачот

Шошана Овиц, една од преживеаните Евреи од Аушвиц, го прослави својот 104. роденден на Ѕидот на плачот во Ерусалим. Со неа на прославата беа речиси 400 нејзини потомци и роднини. Според израелската амбасада во Берлин, Овиц како роденденски подарок посакала да се соберат сите нејзини деца, внуци и правнуци кај Ѕидот на плачот.

„Дојдоа скоро сите“, стои во објава на твитер-профилот на амбасадата.

По Втората светска војна, додека ги барала своите роднини по светот, Овиц го запознала својот сопруг. Тој во Холокаустот ги изгубил сопругата и четирите деца. Откако се венчале, првото дете го добиле во бегалски камп во Австрија. Подоцна се преселиле во Израел, а Шошана родила уште четири деца.

Текстот Еврејка што го преживеа Аушвиц го прослави 104. роденден на Ѕидот на плачот е превземен од Reporter.mk.