Европа ја чека најстудениот октомври во последните 100 години

Европа ќе биде закована во леден бран на крајот на овој месец. Метеоролозите предвидуваат и до 10 сантиметри снег на планините во Шкотска, а не ја исклучуваат можноста дека иста судбина ќе ги снајде и останатите овие делови на Британија, па дури и Лондон.

„До крајот на оваа недела речиси е извесно дека голема количина снег ќе падне и во Велс, јужниот дел на Лондон и централните делови на Англија. Снегот секако ќе предизвика проблеми, но не како оние кои граѓаните ги имаат во текот на зимскиот период. Засега не е познато каква ќе ни биде зимата“, истакна метеорологот Џејмс Меден, додавајќи дека во овие краеви каде нема да паѓа снег, ќе врнат обилни дождови.

За некои седум дена, се очекуваат големи врнежи на дожд, а исто така лоши вести има и за љубителите на празникот „Ноќ на вештерките“, на 31 откомври. Овој ден се очекува да биде најстуден во однос на последните 100 години.

„Се очекува на 31 октомври снегот дополнително да се засили, а температурите да се спушатат на -7 степени целзиусови. Тоа е незапамтено во последните речиси 100 години, затоа што последен пат, последниот ден во октомври бил најстуден во 1926 година, кога биле измерени дури -10 степени целзиусови“, вели Џејмс.

Во ноември тлото на Британија ќе биде значително постудено од октомври, а дождовите ќе бидат многу поинтезивни. Она што треба да не загрижи е можноста да бранот од Велика Британија се прошири и на останатите делови од Европа, па дури и на Балканот.

Начелно утврдената временска прогноза говори дека снег на овие простори нема да има до декември, но не се исклучува можноста циклонот кој носи студ и дождови лесно да се прошири и на останатите делови од континентот.

Текстот Европа ја чека најстудениот октомври во последните 100 години е превземен од Reporter.mk.