Европа е чекор поблиску до прекин на праксата на поместување на стрелките на часовникот, откако членовите на Европскиот парламент гласаа за укинување на зимското и летно сметање на времето. Сега мора да се пронајде компромис по ова прашање, за секоја држава членка на ЕУ посебно.
Европскиот парламент во вторникот со големо мнозинство изгласа крај на поместувањето на стрелките на часовникот во ЕУ од 2021 година. Според предложениот амандман, земјите кои планираат да да продолжат со летното сметање на времето, треба своите часовници последен пат да ги поместат во неделата во март 2021 година.
Оние кои го преферираат зимското сметање на времето, треба тоа да го направат во последната недела во октомври 2021 година. По денешното гласање, портпаролот на Европскиот парламент, вели дека тие се подготвени за понатамошни преговори со Советот на министри.
Пред донесувањето на одлуката за тоа кое стандардно време ќе се применува, државите членки треба да спроведат јавна дебата на која ќе ги земат во предвид желбите на граѓаните.
Исто така во избирањето на временските зони, ќе бидат земени во предвид и географските фактори и специфичностите на одредени региони, во кои се наоѓаат поедини државни членки.
За спроведувањето на овие Директиви потребна е меѓусебна соработка со државите членки за да на согласен и координиран начин се донесе одлука за предвиденото стандардно сметање на времето.
Текстот Европскиот парламент изгласа укинување на поместувањето на стрелките на часовникот е превземен од Reporter.mk.