Традиционално, во пресрет на евровизискиот натпревар, во Скопје ќе се одржи евровизиска забава, овој пат во чест на Тамара Тодевска. На забавата посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните од македонските претставници.
Преку видео до евровизиските фанови ќе се обрати и Тамара од Тел Авив. Локацијата е „Нано бар“ (Дебар Маало), со почеток од 21.30 часот. За музичкиот избор е задолжена ДЈ Тина.
Текстот Евровизиска забава во Скопје е превземен од Reporter.mk.