Испуштањето на гасовите од езеро кое се наоѓа во Аљаска и Сибир сериозно ги загрижи светските научници кои сметаат дека на овој начин се создава ефект на стаклена градина. Загриженоста е уште поголема што процесот на глобално затоплување кое го топи арктичкиот пермафрост се одвива многу побрзо од вообичаено.
Минатиот месец американската вселенска агенција НАСА објави снимки од арктичкото езеро кое е полно со меури кои се последица на познатиот феномен „нагло одмрзнување“.
Научниците веќе долго време се запознати со потенцијалот на испуштањето на големите количини на метан во атмосферата. Во процесот органската материја која била заробена во земјата, полека се одмрзнува и разложува. Во тој процес таа испушта во атмосфетата голема количина на јаглерод и метан.
The first time scientist Katey Walter Anthony saw Esieh Lake in Alaska’s western Brooks Range, she was afraid it might explode. https://t.co/g4RVzcueJo Via @washingtonpost pic.twitter.com/iMue1NfEuL
— Anchorage Daily News (@adndotcom) September 24, 2018
Во минатото, кога животните облици се засновани на јаглерод умирале на Арктикот, истите би замрзнале уште пред да има време да се распаднат. Сега, со се поголемите температури во регионот, микробите во земјата во Арктикот, ги разложуваат овие заледени органски тела, испуштајќи јаглен диоксид и метан во атмосферата.
Според истражувањето на НАСА, наглото одмрзнување на езерото допринело за забрзување на процесот на глобалното затоплување. Исто така е познато дека човекот не може да превземе ништо, за да го спречи овој процес. Дури и кога би се намалила емисијата на штетни гасови, наглото одмрзнување би продолжило и повторно во атмосферата би се испуштиле големи количини на метан.
Текстот Езеро во Аљаска испушта отровен гас кој влијае на глобалното затоплување е превземен од Reporter.mk.