Фејсбук доживеа најголем дневен губиток во историјата

Фејсбук го доживеа најлошиот ден во историјата во четвртокот, кога вредноста на акциите на компанијата паднале за 19%, пишува Си-Ен-Ен.

Вредноста на акциите на Фејсбук паднала за 19%, откако службениците предупредиле дека ќе се забави растот на приходи, додека компанијата се фокусира на приватноста на корисниците.

Најголемиот забележан губиток на една компанија во еден ден

Во пазарната вредност Фејсбук изгубил околу 119 милијарди долари, што претставува забележан губиток на една компанија во еден ден, објави Ројтерс.

Форбс го објави ваквиот пад на сопственикот на Марк Цукенберг кој чинел дури 16 милијарди долари, поради што веднаш паднал на листата на најбогати луѓе на светот од четвртото на шестото место.

„Ќе вложиме милијарди долари во безбедноста“.

Вехнер изјави дека Фејсбул повеќе ќе се занимава со развој на елементите како што се приказните Stories, кои корисниците ги објавуваат на профилите. Тоа ќе го забави растот на приходот, затоа што Фејсбул повеќе заработува од News Feed, отколку на своите останати производи.

Од Фејсбук изјавија дека ќе потрошат многу пари за да ги постигнат своите цели. Вехнер изјави дека компанијата ќе вложи милијарди долари за подобрување на безбедноста, по скандалите со злоупотреба на податоците на корисниците и обвинувањата за овозможување на ширење на лажни вести и влијанието на изборите.

Претходниот најлош ден на Фејсбук бил на 27 јули во 2012 година, кога вредноста на акциите паднала за 11,7%. Компанијата тогаш успеала да ги убеди инвеститорите дека може да продава мобилно огласување, кое сега го чини 91% од приходите на Фејсбук.

 

 

 

 

Текстот Фејсбук доживеа најголем дневен губиток во историјата е превземен од Reporter.mk.