„Фејсбук“ ќе има повеќе мртви од живи корисници

Ако „Фејсбук“ заедницата го продолжи растот како досега, бројот на мртви лица со „Фејсбук“ профил до крајот на векот ќе изнесува вкупно 4,9 милијарди.

Оваа бројка претставува двојно поголема од постоечката (која вклучува и живи лица) 2,37 милијарди корисници.

„До 2070 година „Фејсбук ќе има повеќе мртви корисници од живи“, велат двајца британски социолози.

На темел на бројот на корисници, „Фејсбук“ од 2018 година и демографските истражувања направени во Обединетите Нации, двајца експерти од „Оксфорд“ заклучиле дека до крајот на овој милениум, ќе умрат уште најмалку 1,4 милијарди корисници на „Фејсбук“.

Порастот на бројот на мртви корисници потикнува важни прашања за нивното виртуелно наследство, велат експертите.

„На социолошко ниво, штотуку започнавме разговори за тоа и пред нас е долг пат“, изјавил еден од авторите на истражувањето Карл Охман.

Неговиот колега Давид Ватсон нагласил дека е потребно податоците на „Фејсбук“, завршат во архива.

„Клучно е пристапот за тие историски податоци, не биде достапен само на една компанија. Важно е идните генерации да имаат можност да го користат дигиталното наследство со цел да ја разберат историјата“, заклучил Вотсон.

 

Текстот „Фејсбук“ ќе има повеќе мртви од живи корисници е превземен од Reporter.mk.