Поради епидемија на коронавирус „Фејсбук“ ја откажа својата годишна конференција „Ф8“. Како најважен настан на оваа компанија оваа година, „Ф8“ требаше да биде одржана во Сан Хозе во мај, но „Фејсбук“ објави дека конференцијата ќе биде откажана.
„Со огле на сè поголемата загриженост околу коронавирусот, донесовме тешка одлука и го откажавме „Ф8“, а приоритет му ставивме на здравјето и безбедноста на нашите партнери, вработени и сите оние кои учествуваа на конференцијата“, соопштиле од „Фејсбук“.
Конференцијата ќе биде заменета со видеа и преноси во живо.
„Планираме да ја замениме конференцијата „Ф8“ со видеозаписи и содржини кои се пренесуваат во живо“, велат од „Фесјбук“.
Текстот „Фејсбук“ поради коронавирусот ја откажа годишната конференција е превземен од Reporter.mk.