„Фејсбук“ трајно ги забранил профилите на голем број организации, екстремни десничарски групи како што се Британската национална партија, Англиската одмбранбена лига или организацијата „Британија прва“. Тие се прогласени за опасни и трајно се забранети и отстранети од социјалната мрежа.
Забранети се и профилите на лица поединци кои ги воделе овие страници. Забраната не се однесува само на тие групи или нивните челни луѓе. „Фејсбук“ ги забранил и објавите во кои се промовираат и фалат споменатите организации и на лицата кои им давале поддршка.
Вкупно се отстранети 12 сметки на организации и нивните челни луѓе или основачи на фејсбук-групи. „Фејсбук“ во своите соопштенија порачале дека за лицата и ограниациите кои ширеле говор на омраза, напаѓале или повикувале на изолација на други лица или групи, нема место на Фејсбук.
„Под својата политика, која се занимава со опасни поединци и организации, ги забранивме сите оние кои шират омраза и насилство или се вклучени во дела на омраза и насилство“, се вели во соопштението на „Фејсбук“.
Од таму објаснуваат дека поединците и организациите кои се забранети во Велика Британија, а кои ги прекршиле правилата на однесување на „Фејсбук“, во иднина нема да им биде дозволено присутност на оваа социјалната мрежа.
Текстот Фејсбук забранет за екстремните десничари во Велика Британија е превземен од Reporter.mk.