Моќта на свеќите – палите девет црвени за препородување на врската.
Свеќите се меѓу најмоќните Фенг Шуи таканаречени лекови. Светлината која доаѓа со помош на свеќите, секако ќе ја подигне енергијата во било кој простор. Ако ви се чини дека животот е помалку досаден и рутински, без задоволство, потребно е само да запалите некоја свеќа. Топлината ќе предизвика позитивната енергија да дојде сама по себе. Еве неколку совети околу тоа како свеќите можете да користите и најбитно е – каде да ги ставите.
Свртете го вниманието кон себе
Свеќите се многу корисни кога сакате да истакнете нешто важно и посебно. Ако веќе некое време се чуствувате запоставено од страна на партнерот на пример, ставете девет црвени свеќи во средишниот дел на најдалечниот дел (од влезот) во просторот за дневен престој. Овие цвеќи палете ги во доцните попладневни часови.
Пронајдете ја својата цел
Ако во станот имате камин кој многу ретко или скоро никогаш не го палите, тоа може да биде причина зошто ви недостига ентузијазам во животот. Со поставувањето на свеќата во отворот на каминот (на местото на ложиштето) би можее да откриеме нови и поведри теми за смислата на постоењето. На тоа место, запалувајте свека еднаш неделно.
Одберете боја која ќе ви одговара на положбата на каминот во просторот, на пример, ако се наоѓа на влезниот ѕид, изберете сина свеќа. Доколку е во десниот дел од куќата или станот, одберете бела свеќа. Ако каминот е на спротивното најдалечно место од влезот во просторијата, употребете црвена свеќа.
Чувство на пријатност
Доколку некоја просторија ви делува помалку ладна и депресивна, тоа значи дека има премногу Јинг енергија.
Потребно е што е можно порано да ја подигнете Јанг-енергијата, а тоа најпрво ќе го подигнете со групирање на трите зелени свеќи веднаш до влезот. Ако ви се допаѓаат миризливите свеќи, изберете мирис на лаванда, нане или бергамот.
Бидете свесни за своите можности
Ако имате тенденција да преземете на себе повеќе од тоа што навистина можете да го постигнете и направите, тогаш имате премногу елементи на Дрво во вашиот дом. Добриот начин да се пронајде рамнотежа измеѓу мислите и моќта е да се спроведе Фенг Шуи лекот со свеќи.
Поставете девет црвени свеќи во среднишниот дел од левата страна на домот, просториите и куќата. Ова свеќе ќе го палите во текот на секое утро или доппладе.
Пронајдете инспирација и креативност во себе
Кога животот ќе стане помалку досаден и рутински, нужно ви е потребна испирација. Внимателно поставените свеќи ќе ви го понудат токму тоа.
Поставете осум сини свеќи во левиот агол од вашиот дом, просториите во кои најмногу престојувате. Ваше е да изберете што повеќе преферирате, миризливи свеќи со арома на лимон или рузмарин.
Подобрете го вашето здравје
Ако патите од слаби циркулации, артритис, уморни очи или сува кожа и овде свеќите по Фенг Шуи начелно можат да ви помогнат во излекувањето.
Поставете пет жолти свеќи на кујнската маса и палете ги еднаш дневно. Квадратните свеќи се најдобри за таа цел.
Станете понезависни
Запалените свеќи емитуваат енергија – Оган која ќе го поттикне вашето задоволство и чувството на самодоверба и самостојност. Затоа, доколку премногу се потпрете на родителите, пријателите или партнерот, употребете го овој свет.
Ставете само една округла свеќа кај влезот во своето купатило и палете ги еднаш дневно. Ако ви се попријатни миризливи свеќи, одберете некоја смирувачка арома како што е лавандата или петунијата.
Освестете ги своите квалитети
Во случај на арогантни или крути авторитети околку вас, кои го прават вашиот живот горчлив и притоа ви даваат неизбежно бедно чувство за самиот себе, обидете се со Фенг Шуи енергијата која доаѓа од свеќите.
Поставете шест високи бели свеќи кои се стеснуваат кон врвот во најблискиот десен агол од просторијата во која престојувате. Палете ги по можност во вечерните часови. Како свеќите горат, така и вие ќе почнете да чувствувате поголема самодоверба и ќе ја вратите вербата во вас самите.
Пронајдете го своето задоволство и мир
Кога ќе почувствувате дека сѐ околу вас станало само обврска, работа и должност со нималку задоволство и веселба, крајно време е да се обидете со свеќите да го поправите недостигот на енергија.
Поставете осум округли бели свеќи во средишниот дел од десната страна од вашиот дом или просторијата. Светлото од свеќите користете го секој ден, по можност во раните вечерни часови. Доколку сакате и миризлив дом, изберете мирис на портокал или лимон.
Напомена: Поради сигурност, користете секогаш свеќници, надгледувајте го огнот, одалечете ги свеќите од завесата. Обдиете се да користете што е можно поприродни свеќи, без парафин, со природни бои и мириси.
Текстот Фенг Шуи и моќта на свеќите во бои е превземен од Reporter.mk.