Во чест на кралицата на ромската песна Есма Реџепова, меѓународниот „Џипси-фестивал“ што се одржува секоја година во Цирих, Швајцарија, ќе се вика „Есма-фест“.
И годинава претставник на фестивалот од Македонија ќе биде „Есмас бенд“, групата што ја придружуваше пејачката на сите нејзини настапи. Оваа група ќе пее на фестивалот тринаесетти пат. Со бендот сега пее Елеонора Мустафова, единствената ќерка на Есма.
На фестивалот ќе настапат и ромски музичари од Шпанија, Индија, Бугарија и од Швајцарија.
Фото: Фејсбук
Текстот Фестивал во Швајцарија ќе го носи името на Есма Реџепова е превземен од Reporter.mk.