Соопштението што го објави Здравствениот завод во Берлин предизвика голема вознемиреност. Сите што во саботата биле во познатиот берлински секс-клуб „Киткат“ беа повикани итно да се јават на лекар бидејќи тој ден била организиран фетиш-жур на кој присуствувал маж заболен од опасен бактериски менингитис.
Клубот понатаму наведува дека човекот е во многу лоша состојба и дека не е познато со кои гости бил во близок контакт. Тоа е причината зошто Здравствениот завод издаде соопштение со цел да извести што поголем број луѓе што во саботата биле во клубот.
Секс-клубот наведува дека, според првичните информации, станува збор за млад човек, кој во саботата присуствувал на фетиш-жур со пропишан кодекс на облекување: фетиш, лак и кожа, униформи, костими, елегантна вечерна гардероба, сјај и гламур, екстравагантност од секој тип.
Клубот „Киткат“ е познат по распуштено однесување, а германскиот весник „Билд“ вели дека засега не е познато дали меѓу гостите има заразени.
Текстот Фетиш забава со секс во популарен клуб, сега стравуваат од смртоносна инфекција е превземен од Reporter.mk.