- Овен
Љубовта е во воздухот, а вие треба да ги држите очите отворени за да ја забележите. Ако сте сами можеби ве очекува некоја нова средба. Ако пак сте во врска, вашиот партнер навистина ќе ви го разубави периодот. Може да се случи што било и не треба да се затворате за можностите пред вас. Дајте си одмор и дозволетеси романаса.
- Бик
Ќе добиете некои вести на работа што навистина ќе ве израдуваат. Напорното работење конечно ќе се исплати и тоа на најдобриот можен начин. Можеби мислевте дека никогаш не гледате придобивки од работата, но сега тоа ќе се промени. Во февруари ќе излезете од вашата школка. Можеби некој ќе ги открие неговите чувства кон вас и ќе започнете нова романса.
- Близнаци
Иако можеби изминативе неколку месеци биле тешки, во февруари конечно ќе можете да здивнете. Ќе добиете одлични вести, а тоа ќе промени речиси сè. Додека сè уште не сте подготвени за она што следи, не треба да се обесхрабрувате. Вие сте многу поспособни отколку што мислите.
- Девица
Најверојатно сте биле изложени на многу стрес, но во февруари ќе се збогувате со него. Сè ќе почне да ви станува јасно, а многу нешта што ви пречеле ќе завршат. Постепено ќе се појави и вашата креативна страна. Работете на нештата што ги сакате и успехот е неизбежен.
- Водолија
Вам ве очекува вистинско изненадување овој февруари. Емоциите за кои сте мислеле дека сте ги надминале ќе почнат повторно да се појавуваат. Во овој период релаксирајте се и дозволете им на нештата да се случуваат. Ако продолжите да бидете напнати како и вообичаено, никогаш нема да ја пронајдете среќата.
Текстот Февруари, најдобриот месец за пет хороскопски знаци е превземен од Reporter.mk.