FEYDOM е прв македонски бренд чиј производ е добитник на Германската награда за иновација за 2019 година (German Innovation Award 2019 Winner) во категоријата Excellence in Business to Consumer.
На 28 мај годинава на голема свеченост во Берлин, Германскиот совет за дизајн (German Design Council), ги додели наградите за иновација за 2019 година. Во листата на добитниците на German Innovation Award 2019 WINNER помеѓу светските мега–брендови од типот на SAMSUNG, OSRAM, THULE, HYMER, и слични, за прв пат се најде и FEYDOM со својот најнов модел на трансформабилен софа сет CLOOODS.
Моделот е прв од серијата на проектот 0/48 што беше поддржан и од Фондот за иновации и технолошки развој, а кој има за цел да развие нова иновативна производна линија за оригинално дизајниран мебел наменета првенствено за Европскиот пазар.
Производите на FEYDOM имаат добиено повеќе награди од сличен ранг кои се вбројуваат меѓу најпрестижните на светот од областа на дизајнот и иновацијата:
2012 Interior Innovation Award Winner
2013 German Design Award Nominee
2014 Interior Innovation Award Selection
2016 Iconic Awards Interior innovation Selection
2017 German Design Award Special
и секако последните:
2019 Iconic Awards Interior Innovation Winner
2019 German Design Award Winner
2020 German Design Award Nominee
Наградите и номинациите ги доделува Германскиот совет за дизајн како еден вид потврда за исклучителни иновации кои според жирито „ја обликуваат иднината и унапредуваат животот“. Препознатливите вињетки кои ги означуваат наградените продукти е можеби уште една една причина поради која македонско дизајн студио и нивната „Бутик фабрика од 100 луѓе” успешно ги пласира своите производи во франшизните FEYDOM продавници низ Европа.
(ПР текст)
Текстот FEYDOM е прв македонски бренд добитник на Германската награда за иновација е превземен од Reporter.mk.