Во моментов најпознатиот млад фудбалски тим на светот, момчињата кои биле заробени во пештерата на Тајланд, се повикани на финалето на Светското фудбалско првенство во фудбал.
ФИФА упатила покана до момчињата кои се на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот тренер да дојдат на финалето на Светското првенство.
Тие најверојатно мечот ќе го гледаат изолирани, изјавил секретарот од Министерството за јавно здравје доктор Џесад Чокедамронгсок на конференцијата за новинари.
Третиот ден од операцијата за спасување на Тајланд е извлечено и деветото момче, а се очекуваат уште трите деца и тренерот да излезат на слобода во текот на денот.
“Juntos Es Possible” (Зедно се е можно).
Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино исто така се огласил и упатил отворена покана до дечињата и нивниот тренер да дојдат и како специјални гости во Москва да го гледаат финалето од Светското првенство.
“The 13” Cave Rescue: “Juntos Es Possible” “Together It’s Possible” – Message sent by UNICEF Goodwill Ambassador Lionel Messi to the Royal Thai Embassy in Argentina. pic.twitter.com/UdwSnh8o5X
— Ambassador Sam (@Chutintorn_Sam) 9 July 2018