Financial Times го избра Сорос за личност на годината

Американскиот весник  Financial Times го избра Џорџ Сорос (88) за личност на годината. Весникот го опиша креаторот на една од најголемите невладини светски организации како „филантроп“ на барикадите на либералната демократија, наспроти надоаѓачкиот популизам.

Во текстот за Џорџ Сорос, е објаснето дека уредништвото на Financial Times обично ги бира личностите на основа на тоа што го постигнале, но во случајот со Сорос направиле исклучок и го избрале на основа на вредностите кои тој ги претставува.

Меѓународниот финансиер кој како што пренесува Financial Times, многупати било неосновано поврзано со низа измами, шарени револуции, пучеви, крвави демонстрации, смена на власти и слично, штотутку се вратил од Африка, каде ја финансира истрагата против договорот за изградба на нуклеарка во земјата Јужна Африка.

Оваа земја склучила договор со Русија за изградба на нуклеарка, а Сорос и луѓето околу него се сомневаат за корупција меѓу тамошните власти.

„Сорос е стандарден столб на либералната демократија и отвореното општество. Оваа идеја победила за време на Студената војна. Денес е нападната од сите страни, од Русија и Владимир Путин, па се до Америка и Доналд Трамп“, објаснува  Financial Times во текстот.

Негативните пишувања за Сорос, весникот ги нарекува антисемитски теории на заговор и отров кој долго го ослободуваат екстремно десничарските медиуми, а прочурил и во мејнстрим медиумите. Како пример се наведува тоа што Трамп го изјавил за Сорос, дека го финансира караванот мигранти кој тргна од Латинска Америка за САД.

Исто така спомат е и сутуацијата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го затвори универзитетот на Сорос во оваа земја.

 

Текстот Financial Times го избра Сорос за личност на годината е превземен од Reporter.mk.