Компанијата „Перпетуал Гардијан“ на Нов Зеланд ќе воведе четиридневна работна недела за своите вработени, а ќе ги плаќа како да работеле пет дена, пишува „Њујорк тајмс“. Компанијата реши да направи промени откако во март и април годинава спроведе истражување во кое 240 работници работеа четири дена во неделата. Вработените биле попродуктивни, а забележан е и помал степен на стрес и подобра рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот.
Вработените во компанијата за надзор, пишување тестаменти и продажба на недвижности, изјавиле дека повеќе време минуваат со семејството, а имаат време и за вежбање, готвење и градинарство. За време на истражувањето вработените биле покреативни, доаѓале на време на работа и не правеле долги паузи.
Текстот Фирма во Нов Зеланд воведува работна недела од четири дена е превземен од Reporter.mk.